За разлика од останатите зелени згради кои во основа се трудат што е можно помалку да ја загадуваат околината, една од зградите во главната болница на Мексико сити својата фасада ја направи од Prosolve370e, нов вид на плочки чија специјална форма и хемиската прекривка, помагаат да се неутрализираат хемикалиите од кои е составен смогот.
Капацитетот на оваа зграда е уништување на загадувањето произведено од 8.750 автомобили кои секој ден минуваат покрај неа.
Плочката е дело на германската дизајнерска компанија Elegant Embellishments. Бојата со која се премачкани плочките е направена од титаниум диоксид. Кога УВ светлината ќе удри на плочките со титаниум диоксид, започнува хемиска реакција меѓу плочките и хемикалиите во смогот. По ова се случува едно чудо хемиски процеси кои на крај резултираат со растурање на смогот на помали количини од помалку опасни и токсични хемикалии. Во целата работа, титаниум диоксидот останува недопрен, заради што може да ја повтори целата реакција.
Авторите на изумот објаснуваат дека не е само до хемијата, туку важен е и дизајнот. Самата форма на плочките "квазикристална мрежа," помага во собирањето и ширењето на УВ светлата.
"Формата ги забавува ветровите и создава турбуленција за подобра дистрибуција на смогот преку сите активни површини."
Во основа, површината ја распрскува светлината и собира повеќе штетни гасови, што значи и повеќе хемиски реакции кои доведуваат до уништување на смогот.