Џон Хорнер од Флорида е работник во сендвичара. 46 години, женет, со деца.
Во 2000-та година во несреќен случај губи едно око и препишани му се таблети против хронична болка.
Години подоцна, среќава човек со кого се спријателува и кој по некое време го замолува да му продаде од неговите апчиња бидејќи и самиот има хронични неиздржливи болки.
Хорнер го прави тоа и заглавува зад решетки, затоа што пријателот всушност бил полицаец во цивил, на задача да открива дилери на дрога.
Ама не и да ги произведува, тоа е суштината на овој бизарен пример за користењето полициски провокатори во борбата против трговијата со дрога.
Хорнер мислел дека ќе мине со парична казна (бидејќи и тој платил за лековите), се додека не се освестил дека за делото кое се товари му следува затворска казна од 25 години. Минимум!
За да не лежи толку робија, Хорнер добил понуда од полицијата самиот да стане цинкарош. Но, бидејќи не бил ефикасен во тоа (да намести петмина други), повторно се соочува со првобитната казна.
Еден затвореник ја чини Флорида околу 19.000 долари годишно. За да се изврши правдата над Хорнер, даночните обврзници во следната четвртина веќ ќе треба да платат 475.000 долари.
Со тие пари можат да се платат целосни годишни стипендии за 75 студенти од Универзитетот во Флорида.
Лани, во октомври, Хорнер е осуден на полна 25 годишна робија.
Помилување, на кое има право гувернерот Рик Скот? Не баш.
Запознајте ги децата на Џон Хорнер.
Кога ќе излезе татко им од затвор, најмалава ќерка ќе има 25 години. Тој ќе има 72.