Системот е распореден на 4.500 семафори, и е составен од илјадници компјутери, магнети за мерење на сообраќајот и камери. Работата на системот започнува пред Олимпијадата во 1984-та.
Негова функција не е само да создаде еден џиновски зелен бран, туку и:
- со помош на магнетите може да процени на кои места во градот се создава гужва и да го пренасочи сообраќајот.
- доколку автобусите доцнат по распоред, системот може да го активира зеленото светло само за лентата за автобуси.
- кога улиците се затворени за големи настани, како Оскарите, семафорите автоматски ги пренасочуваат автомобилите по улици, кои не минуваат преку местото на кое се одржува настанот.
Според претставниците на градот, сообраќајот може да се движи 16% побрзо благодарејќи на новиот систем на синхронизирани семафори.
Една од критиките е дека вака совршениот систем само ќе поттикне повеќе лица да возат автомобил, наместо да бараат алтернативни средства за превоз.