
Откако забележале дека Банките со сперма извезуваат сериозни количини од своите резерви, Американците седнале да анализираат што е работата што имаат поголема побарувачка од останатите држави.
На кратко, причина за ова воопшто не е супериорната физичка подготвеност на Американскиот мажјак, туку многу повеќе има врска со огромниот број на имигранти кои придонесуваат за етничка разновидност на потенцијалните донатори.
Втората причина е што заради строгите закони за следење и тестирање на донаторите, САД ги имаат највисоките стандарди за тестирање од болести и следење на донаторите.
САД останаа и со една од најголемите резерви на сперма во светот, бидејќи се уште дозволуваат плаќање на донаторите. Во остатокот на светот, бројот на донатори сериозно е намален откако беа забранети анонимни донации или плаќање на донаторите.