Тобоганот од 300 милиони евра

Кога ќе биде завршен следната година, апартманот на неколку спрата на врвот на висококатница во Монако ќе биде најскапиот апартман на светот.

Комплексот Одеон ќе биде висок 170 метри и ќе биде втор по височина во Монако. Тој е составен од две згради во кои ќе има вкупно 259 станови за продавање, меѓу кои и 70 луксузни резиденции, два дуплекси и џиновскиот апартман на поркивот.

Врвот на зградата е задржан за спектакуларен апартман на неколку спратови, со површина од 3.300 метри квадратни во кој има вградено тобоган на вода кој завршува во базен (исто така на кровот). Цената на овој апартман се очекува да биде 300 милиони евра.

Секој од становите ќе има прозорци од патос до таван, со панорамски поглед кон морето. Тие што нема да го имаат најгорниот апартман на располагање ќе имаат руски и турски сауни, неколку базени, приватна спа, лимузини со шофер и кино.

Копањето на темелите започна во 2009-та, а до јули годинава се очекува да завршат со градењето, по што ќе почнат со ставање на фасадата. Целиот проект треба да биде готов до јули 2014. Целиот проект е на архитектот Александар Гиралди.

2 април 2013 - 21:44