
Свесни дека единствено нешто во што се уверени новинарите околу пиратите е тоа дека тие се црнци, група Кенијци разработиле цела шема во која на новинари им се преставуваат како сомалиски пирати.
Меѓу "жртвите" се новинарски куќи како магазинот Тајм и данската национална телевизија, кои на "пиратите" им платиле по 200 долари на ден за интервју.
Момците најчесто се локалци од Најроби, вработени како келнери, шанкери, возачи и слично, кои преку "доверливи" луѓе стапуваат во контакт со новинарите. Целата операција има и свој шеф, кој ги координира ликовите и врските со новинарите.