Џими Фалон го заменува Лено

Од 2014-та Џими Фалон седнува во фотељата на Џеј Лено и станува домаќин на The Tonight Show, објавуваат Вол Стрит Журнал и Њујорк Тајмс.

ЕнБиСи се очекува денес да ја потврди веста, а освен ова би требало да ги потврди и плановите за селење на шоуто од Лос Анџелес во Њујорк.

Џими Фалон се очекува да го превземе шоуто по завршувањето на преносот од Зимската олимпијада, што според анализите би му дала висока почетна гледаност на новиот домаќин.

Последен пат кога Џеј Лено се пензионираше во 2009-та на неговото место дојде Конан О'Браен, кој како водител на шоуто издржа едвај 8 месеци, пред да даде отказ заради притисоците од ЕнБиСи. По заминувањето на Конан, Џеј Лено повторно го превзема шоуто.

Џими Фалон до сега беше водител на Лејт Најт, кое исто така се емитува на ЕнБиСи. Пред Фалон, водители на Лејт Најт беа Конан О'Браен и Дејвид Летерман.

3 април 2013 - 19:25