Тригодишно следење на однесувањето на црвените мравки ги довела истражувачите до несомнен заклучок дека тие значајно го менуваат своето однесување пред да се затресе земјата. Се разбира, не во лабораториски туку во реални услови.
Нивниот засега непознат механизам кој ги предупредува е толку суптилен што реагира на секој потрес поголем од два степена по Рихтер.
Во вообичаени околности, мравките го користат денот за работа и собирање храна а ноќе се прибираат во своите подземни одаи за одмор. Овен кога ќе насетат земјотре кога ноќта ја минуваат на отворено, иако тоа значи дека стануваат лесен плен на оние што ги сакаат за во мени.
Истражувачите од Универзитетот во Есен претпоставуваат дека мравките имаат способност да ги детектираат промените во воздузот и истовремено имаат рецептори за електромагнетни полиња.