И покрај тоа што има масовна треска за информации околу филмот, студиото одбива да им ги истури сите достапни детали на фановите и да ја искористи регуларната вирална тактика.
Лајонсгејт го стартуваше "The Hunger Games Explorer," сајт кој служеше за одбројување до премиерата на првиот трејлер на филмот, и кој е официјалниот канал преку кој се објавуваат слики од второто продолжение.
Сајтот бара од посетителите да твитаат со хаштагот #HungerGamesExplorer, а за возврат по одреден број на твитови добиваат нова слика од Catching Fire.
"Колку повеќе луѓе го користат хаштагот #HungerGamesExplorer на Твитер, така фотографијата полека станува повидлива, чистејќи се пиксел по пиксел."
Дури откако ќе заврши твитањето за откривање на сликата, таа се објавува на официјалната Фејсбук страна на филмот.
Дозираното објавување на информации продолжи и со премиерата на првиот трејлер на филмот, кој за време на ЕмТиВи наградите имаше свој мини трејлер.