Маико Акиба прави изложба на тема што ќе најдат археолозите за 100 години, ако фатат да го истражуваат 21-от век. Идејата е како ќе изгледаат најразличните предмети ако 1 век бидат оставени да скапуваат, а не ако се чуваат во витрина или кутија.
Уметничката не ги оставила предметите да скапат, туку им става мов, рѓа и земја, за да го добијат конечниот изглед.
Најголемиот дел од предметите се некаква технологија: Ајфон, Ајпод, Полароид, дигитален фото-апарат, меѓутоа има и кутија сладолед, Мартинки и фрижидер со пијалаци од Кока Кола.