И тоа каков парк ќе добие Париз

Данската компанија БИГ беше избрана за изработка на проектот за комплекс составен од шопинг центар и место за одмор, на чиј покрив ќе биде сместен парк, и сето ова на површина од 80 хектари во реон меѓу двата аеродрома во Париз.

Комплексот се вика EuropaCity, сместен е во предградието Гонес, а неговата тема ќе се базира на различните култури низ европскиот континент.

Тој ќе биде поделен на пет области, од кои секоја ќе има посебна тема: Avenue de France, Rambla de Mediterranea, British Square, Norden Platz и East Boulevard. Во него ќе бидат вклучени велосипедски патеки и јавен електричен транспорт во специјални капсули.

 

Ветувањето на БИГ е дека ЕуропаСити ќе биде пример за користење еколошки одржлива технологија, како предвиденото пренасочување на топлината од погоните за ладење, за загревање на пливачките базени, потоа рециклирање на отпадните води за наводнување на парковите и користење енергија од ветер, сончевата светлина и геотермални извори.

 

Комплексот го прави францускиот синџир на супермаркети Auchan.

БИГ е една од компаниите која е на финалниот список за избор на архитект за новото седиште на Нобеловата награда во Стокхолм, а минатата година тие беа избрани за редизајн на кампусот на Смитсониан во Вашингтон Д.Ц.

Сите дозволи и административни работи околу проектот треба да бидат завршени во периодот од 2014-та до 2018-та. По што почнува изградбата која треба да биде готова во 2021.

  

 

  

 

 

 

18 април 2013 - 22:48