Rodrigo Abd, Manu Brabo, Narciso Contreras, Khalil Hamra и Muhammed Muheisen од Асошиејтед Прес ја освоија Пулицеровата награда за "breaking news" фотографија, додека Javier Manzano хонорарец на Франс-прес, го освои Пулицерот за репортажна фотографија.
"Ова е огромно признание за група од пет од најталентираните и храбри фотографи кои денес работат во светот, за нивната работа покривајќи ја страшната војна во Сирија. Сосема одговара ако се има во предвид нивната посветеност кога беа соочени со ужасните услови за работа во последната година," изјави при подигнувањето на наградата, директорот на фотографија на Асошиејтед Прес, Сантијаго Лион.
Muhammed Muheisen (32 години), кој својот прв Пулицер го освои во 2005-та за покривањето на војната во Ирак, мина речиси 2 месеца фотографирајќи раселени сириски цивили. "Сите фотографи заминаа на фронтовски линии, и немаше никој што ќе им посвети внимание на луѓето кои живеат на улиците."
Manu Brabo (32 години), пристигна во Сирија како хонорарец и подоцна доби задолженија од Асошиејтед прес. Тој направи серија потресни фотографии, како онаа од мажот кој плаче врз телото на својот млад син. Rodrigo Abd (36 години) ја преминува границата од Турција во Сирија, скриен во камион, за потоа заедно со останатите фотографи на Асошиејтед прес да ја состави приказната за Сирија.