Таг: Пулицерова награда

Сенката на еден 90 години стар Пулицер врз Њујорк Тајмс

Денес, 9.5, навечер по македонско време, ќе бидат соопштени добитниците на овогодинешните Пулицерови награди. Во досегашната историја на ова престижно признание убедливо води Њујорк Тајмс, со 132 добитници кои објавувале на неговите страници. Но војната во Украина фрли сенка врз eден награден од пред речиси еден век.

Подкастот што го доби првиот Пулицер за аудио новинарство

Малку е необично после толку долга историја на радиото, дури оваа, 2020-та, да се воведува Пулицер за аудио новинарство, категорија која вклучува радио програми и подкасти. Погледнато од добрата страна, ова е големо признание за авторите и продуцентите на подкасти, но и поттик за оние кои допрва мислат да се занимаваат со овој жанр. Ние, признаваме, се навлековме.

Кендрик Ламар доби Пулицер!

Прв пат во 75-годишната историја на престижната награда, која се доделува во областа на новинарството, книжевноста и музиката, во последната категорија признанието не го доби дело од џез или од класика. Албумот Damn на Ламар, за кого ја доби наградата, како и целото негово творештво, додуша е мешавина од многу нешта.

Пулицер 2017: Студија за принудно исселување на сиромашните во САД

Вчера, 10.04, беа објавени добитниците на Пулицеровата награда за 2017 (деталниот список тука). Најинтересни за нас се оние во категоријата Уметност и книжевност, во која за „генерална нефикција“ наградата ја доби Метју Дезмонд, за книгата „Истерани: сиромаштија и профит во еден американски град“.

„Среден пол“ од Џефри Еугенидес

Книгата која ја влечкав со себе на летување и на сите можни патувања од тогаш, со нејзините (скоро) 600 страници oколу празниците веќе ми стежна на совеста. А грижата на совест за непрочитана книга понекогаш е поголема од онаа за непочната диета. Сепак, едното не го исклучува другото - кога ќе ја земете оваа в раце, често ќе заборавате и да јадете.

Кој доби Пулицер за 2016?

Наградите беа објавени вчера (18.04) на Универзитетот Колумбија, а вклучуваат роман кој е мешавина на шпионажа и политичка сатира, албум на џезер кој бил во Скопје и хип-хоп мјузикл.

Пулицер 2015-та

Пост енд Куриер од Чарлстон со редакција од околу 80 луѓе и дневен тираж од 85.000 примероци го освои златниот медал на годинешниот Пулицер. Наградата е за серијалот "Додека смртта не нè раздели" во кој го истражуваат домашното насилство и зошто Јужна Каролина е меѓу најсмртоносните држави во САД.

Доделени Пулицеровите награди за уметност 2014

Вчера (14.4) беше доделена Пулицеровата во неколку уметнички категории. Очекувано, наградата за белетристика ја однесе Дона Тарт за „Трнарче" (Goldfinch). Жирито во оваа категорија годинава се утепа од читање, бидејќи вкупниот број страници на трите книги кои влегоа во најтесниот избор е 2,000.

Најмладата добитничка на Пулицер за музика

Иако секој Пулицер би требало да има подеднаква тежина, некои од категориите медиумски се неправедно фаворизирани во однос на други. Така, речиси незабележано помина овогодинешниот за музика. Ајде да ја исправиме работата.

Фотографите што го освоија Пулицер

Rodrigo Abd, Manu Brabo, Narciso Contreras, Khalil Hamra и Muhammed Muheisen од Асошиејтед Прес ја освоија Пулицеровата награда за "breaking news" фотографија, додека Javier Manzano хонорарец на Франс-прес, го освои Пулицерот за репортажна фотографија.

Пулицер 2012

Објавени годинешните добитници на Пулицеровата награда, за врвни постигнувања во печатеното и онлајн новинарство, литература и музика. Изненадување е недоделувањето на наградата за белетристика, што се случува прв пат по 1977 година.