Наградата за пренесување на вонредни вести ја добива Сиетл Тајмс за исклучително доброто дигитално покривање на одронот на земја во кој загинаа 43 лица и последователната истрага за тоа дали катастрофата можеше да биде спречена. Истата награда им беше доделена и на фотографите на Сент Луис Пост, за покривањето на нередите во Фергусон, Мисури.
Њујорк Тајмс и Вол Стрит Журнал поделија награда за истражувачко новинарство за работа на проектот "Демаскирање на Медикеар" (програмата за здравствена заштита). Ова е прв пат Вол Стрит Журнал да добие Пулицер откако беше купен од Руперт Мурдок во 2007-ма.
Награда за објаснувачко известување доби Закариј Р. Мидер од Блумберг Њуз "за макотрпно, јасно и забавно објаснување на тоа како толку многу американски корпорации избегнуваат даноци и зошто законодавците и регулаторите имаат проблеми за да ги сопрат." Ова е прв Пулциер за Блумберг њуз.
Покривањето на еболата од страна на Њујорк Тајмс доби Пулицер за Меѓународно известување. Тајмс доби Пулицер и за фотографија за фотографиите на Даниел Берехулак од ширењето на еболата.