Пулицер 2012

Објавени годинешните добитници на Пулицеровата награда, за врвни постигнувања во печатеното и онлајн новинарство, литература и музика. Изненадување е недоделувањето на наградата за белетристика, што се случува прв пат по 1977 година.

Истражувачко новинарство: The Associated Press

Во серија написи група новинари на АП покажале како Њујоршката полиција, со помош на функционер во CIA, создале програма за следење на муслимани, од места како кафани до факултетски кампуси, и покрај тоа што немало никакви докази дека тие биле поврзани со тероризам или криминал.

Јавен сервис: The Philadelphia Inquirer

Наградата е доделена за серија текстови кои зборуваат за масовно и непријавено насилство во училиштата (30,000 сериозни инциденти во претходните пет години)

Национално известување: Huffington Post

Новинскиот портал го доби својот прв Пулицер заради серијата известувања на неговиот новинар Дејвид Вуд за искуствата на тешко ранетите американски војници кои се враќаат од Ирак и Авганистан.

Критика: Весли Морис, The Boston Globe

Морис, кој е филмски критичар, некогаш работел во видео клуб. Наградата ја добива за критики на филмови како Drive и Help, како и за есеј за Стив Џобс во кој го нарекува „Ернест Хемингвеј на технологијата".

Стручни дела: „Застранување: како светот стана модерен" од Стивен Гринблат

Книгата ја раскажува приказната на Поџио Брачиолини, поранешниот секретар на неколку папи, кој бил најголемиот трагач по книги во времето на Ренесансата. Тој е заслужен за пронаѓање на голем број „загубени“ дела, меѓу кои и оние на Лукрециј, кои влијаеле врз текот на културната историја.

Наградата во останатите жанрови ја добија:

Известување за ударни вести
The Tuscaloosa (Ala.) News Staff

Тематско истражување
David Kocieniewski, The New York Times

Локално известување
Sara Ganim, The Patriot-News Staff, Harrisburg, Penn.

Меѓународно известување
Jeffrey Gettleman, The New York Times

Новинска сторија
Eli Sanders. The Stranger, a Seattle weekly

Коментар
Mary Schmich, the Chicago Tribune

Воведник не е доделена

Уредничка карикатура
Matt Wuerker, POLITICO

Фотографија за ударни вести
Massoud Hossaini, Agence France-Presse

Фотографија
Craig F. Walker, The Denver Post

ДРАМА
Water by the Spoonful, Quiara Alegría Hudes

ИСТОРИЈА
Malcolm X: A Life of Reinvention од Менинг Марабл (постхумно)

БИОГРАФИЈА
George F. Kennan: An American Life by John Lewis Gaddis (The Penguin Press)

ПОЕЗИЈА
Life on Mars by Tracy K. Smith (Graywolf Press)

МУЗИКА
Silent Night: Opera in Two Acts, Kevin Puts, Minnesota Opera

БЕЛЕТРИСТИКА не е доделена

Наградата воспоставена од издавачот Јозеф Пулицер во 1917. изнесува 10,000 долари за секој жанр, а победникот во новинската категорија „јавен сервис" добива златен медал.

17 април 2012 - 09:46