Нема место за голем оптимизам за поштарите или оние што читаат саати/водомери, но барем знаат дека нивната работа не е најлоша. Фенерот го држи репортерството во весниците, професија прогласена за најлоша годинава од страна на американската агенција Career Cast.
Причина за ваквиот статус е општиот пад на бизнисот со хартиените медиуми. Редакции масовно се затвораат, огромен број репортери остануваат без работа а оние што го задржуваат работното место се под сè поголем стрес од неизвесноста, лошите услови и опасноста од конкуренцијата.
Весникарската асоцијација на САД проценува дека во 2006-та индустријата заработила 49, 2 милијарди долари за само по 5 години профитот да биде повеќе од двојно намален. од 1985-та година, за третина е намален бројот на дневни весници во трафиките.
Нивните колеги во онлајн медиумите имаат подобри изгледи иако таму платите се помали а природата на работата е да се работи поинтензивно и без пауза.
На листата на најпосакувани професии во САД се биоемедицинското инжинерство, финансиското планирање и денталната хигиена.
Книговесците, телефонските оператори и словослагачите веќе не постојат како професии.