Есапот е готов уште во 1986-т година, кога Џон Литлвуд ја објавува својата книга со математички погледи на разни аспекти од животот.
Таканаречениот "закон на Литлвуд" чудото го дефинира како нешто за кое постои можност да се случи само еднаш во милион случаи. Од друга страна, истиот закон претпоставува дека барем 8 часа во деноноќието сме подготвени да регистрираме дека ни се случува чудо.
Оттука, потребни ни се само милион моменти на свесност и спремност да сведочиме на чудо. А тоа се триесет 8 часовни денови.
Математиката и претходно знаела да се занимава со натприродното. Познат е доказот на Курт Годел дека Бог постои.
Во двата случаи, ѓаволот се крие во деталите, односно дефинициите. Ако Господ го дефинирате како "најголемото нешто што може да се замисли во универзумот", тогаш е можно од тоа да се развие математички доказ дека тој постои. Ако чудо е нешто што се случува еднаш во милион, тогаш е потребно само трпеливо и внимателно да го очекуваме неговото рутинско појавување.