Светски ден на Нутелата
Двајца италијански блогери одлучија да ја издигнат својата љубов кон Нутела на сосема ново ниво, и во 2007-ма организираа светски ден посветен на прославата на нивниот омилен чоколаден крем. Од тогаш 5-ти февруари е денот на јадење Нутела.
Се продава како лудо
На светско ниво се продава по една тегла Нутела на секои 2,5 секунди. Според американскиот попис, на секое 8 секунди во земјата се раѓа по еден човек.
Се мачка на долго и широко
Не само што се продава во 75 држави низ светот, туку во текот на една година се продава доволно Нутела со која можат да бидат премачкани 1.000 фудбалски игралишта. (не знаеме колку дебело мачкале)
На големо е "лајкувана"
Во 2009-та, Нутела ја имаше 3-та "нај лајкувана" фан страна на Фејсбук, со над 2 милиони фанови, заостанувајќи само зад Кока-кола и Барак Обама. Иако денес не е меѓу топ 3-те страни, таа сепак брои 17 милиони лајкови.
Наполеон и Хитлер се виновни што сте навлечени на Нутела
Во 1806-та, Наполеон се обидува да ја замрзне британската трговија и со тоа да победи во војната. Како резултат на континенталната блокада, чоколадото достигнува баснословна цена, што сериозно ја загрозува работата на слаткарите од Пиемонт. Снаодливи како и секогаш, тие почнуваат да додаваат сецкани лешници во чоколадото, за да ја зачуваат својата резерва. Резултат на ова е првиот рецепт за "џандуја."
Еден век подоцна, чоколадото повторно станува скапо како последица на Втората светска војна. Тогаш италијанскиот слаткар, Пиетро Фереро уште еднаш се снаоѓа и почнува да додава екстра лешници во чоколадната паста. Во 1964-та, пастата го добива името Нутела.
Потеклото на претходниците
Мешавината на чоколадо и лешник, го добива името по Џандуја, лик од една италијанска комедија. Тој е претставен како насмеан селанец од Пиемонт, кој носи шапка и јава магаре, додека држи "дуја" (сад / резервоар на локалниот дијалект). Маските со ликот на Џандуја се продаваат низ целиот Пиемонт, а неговиот лик се појавува и на првите реклами за Нутела.
Времето на бесплатна Нутела
Кремот станува популарен во Италија и италијанските пазари, откако почнува да нуди бесплатно мачкање Нутела за секое дете кое ќе дојде со парче леб. Ова е една од најуспешните маркетинг стратегии на компанијата.