На примерок од 15 илјади луѓе, американски социолози ја утврдувале врската меѓу зачестеноста на сексот и чувството за среќа. Притоа недвосмислено ја потврдиле претпоставената правопропорционална корелација. Дека сексот е како плата, колку повеќе – толку подобро.
Но, истовремено откриле и релативност на овие односи кои покажуваат дека среќата е социјална категорија.
Имено, сопственото чувсто на среќа од сопствениот секс во добра мерка зависи од претпоставениот секс на останатите. Ако нашиот скор ни изгледа поголем од скорот на другите, тоа дополнително ја пумпа нашата среќа. И обратно.
Чаре за обратното е да го зголемиме нашиот скор. Иако, психологијата не го препорачува тој пат. Таа сугерира да ги баталиме другите (ете, до толку не не познава).
Да потсетиме на трудот на Џун Грубер од 2011-та, во кој се аргументира дека најдобар начин да се стигне до среќата е да престанеш да се трудиш да бидеш среќен.
Бидејќи трудењето околу среќата може да биде крајно разочарувачки, со оглед на целата вложена енергија за остварување на таа цел и сите очекувања кои попат сме си ги замислиле дека ни следуваат откако ќе ја постигнеме.
Оттука, решението е зен – ако сакаш да бидеш среќен, престани да се трудиш.
За сексот не сме сигурни дека е така.