Организација предводена од австралиски новинар, во соработка со медиуми како Гардијан и Вашингтон пост, објави база од 2 милиони документи (сместени во 200 гигабајти) со оф-шор тајните на ултра богатите.
За разлика од претходно, документите беа претставени со минимум драма, без прес-конференции, без теории за тајни заговори. Ова беше историско откритие, меѓутоа она што му недостасуваше беше веќе вообичаената декларација дека неговите автори со ова ставаат крај на правилата на традиционалното новинарство. Нормално ова значи дека овој пат не станува збор за Асанж.
Главниот лик беше Жерард Рајл, ветеран на Сиднеј Морнинг Хералд и на Ејџ, а инаку директор на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ). Новинарите на Конзорциумот го постигнаа ова користејќи старомодно истражувачко новинарство: собирање документи од разни извори, нивно поврзување и пренесување во детали. На крај нивната истрага се рашири на "120.000 оф-шор компании и трустови, и речиси 130.000 личности и агенти," во повеќе од 170 држави.
"Се распрашав наоколу - меѓу колеги новинари, добро информирани пријатели - и само неколку од нив беа запознаени со истрагата на ICIJ, иако најголемиот дел од нив веќе знаеа за најновите документи од Викиликс. Минатата недела на прес-конференција организацијата ја објави 'ПлусД' (или Архивата на Кисинџер), огромната колекција на американски дипломатски депеши од 1973-та до 76-та. И ова би бил сериозен успех за Асанж, доколку истите документи не беа достапни на сајтот на Националната архива од 2006-та. Бесплатни и достапни за сите. Како што и Асанж признава, во малку поинаква форма, тој само ги симнал документите кои биле достапни на сајтот, ги префрлил на серверите на Викиликс и направил подобар пребарувач."
Иако е важна услуга за јавноста, сепак Асанж малку ја пренагласи целата акција, изјавувајќи "материјалот кој го објавивме денес е најважната геополитичка публикација што некогаш постоела."
Асанж потоа преку Твитер испрати благодарност до сите кои помогнале во "тајната задача" за ре-објавување на бесплатно достапните документи.
"Комплексност. Тешки за пристап. Достапни за јавноста. Некогаш признаен за создавање на нови правила за новинарството, Асанж се претвори во одметник библиотекар."
Без разлика на сето ова, магазинот Салон пишување за најновото откритие на групата, иако во истиот извештај напишаа дека документите не протекле од некаде, туку "до нив тешко се пристапувало." Гардијан ги нарече старите документи "свеж комплет на американски депеши објавени од Викиликс." Франс-Прес беше воодушевен од новите документи, додека водителот на вестите на РТ го праша гостинот "дали има индикации кој им ги дал овие документи на Викиликс?"
"Листата со мрзливи е депресивно долга. И верувам дека Асанж и јас сега можеме да се согласиме барем за една работа: тажната состојба на модерното новинарство, во кое банда ултра самоуверени деца можат да превртат наопаку 3-то класни содржини во непрестајната потрага по повеќе кликови. И како резултат, речиси секој медиум погрешно разбра најмалку еден детаљ од потегот на Викиликс."
Добрите вести се што изолиран во Амбасадата на Еквадор, Асанж се враќа на своите корени (програмирање). Архивата на Кисинџер покажува дека без Бредли Менинг, кој моментално е на суд за предавање на документите на Асанж, водачот на Викиликс и немаше многу да ги револуционизира медиумите. Па ако некогаш излезе од амбасадата, тој веројатно ќе може да најде одлична работа како веб програмер.