Печурките можат да бидат извор на Д витамин исто како секој добар и скап синтетички додаток доколку барем половина час пред подготвувањето ги извадите од пакувањето на дневна светлина.
Слично како нашата кожа, тие ја трансформираат ултравиолетовата светлина во витмаин и продолжуваат да го прават тоа и откако ќе бидат набрани.
Се препорачува да бидат извадени на дневна светлина 30-60 минути пред да се подготват, за да се зголеми присуството на Д витамин во нив. Подоцна, тој е релативно отпорен на топлина и не бива уништен од неа како што е случајот со Ц витаминот.
Д витаминот е исклучително важен за имунолошкиот систем, здрави коски и абсорбирање на калциумот.