Мебелот што сам се мести

Не е во прашање една од оние ИКЕА направи сам финти во која цел ден пребројуваш шрафчиња и бараш правилен шрафцигер, туку мебел направен од технологијата која се користи за вселенски антени.

Мебелот доаѓа вакумиран во кеса, а се што треба вие да направите е да го извадите од таму и да вклучите во штекер. Му оставате 10 минути и имате нова столица.

Целата идеја се базира на истражувањето на технологијата зад вселенските антени спроведено од дизајнерот Карл Де Смет. Тој во соработка со компанијата Noumenon, работи на развивање на "полимери што паметат облици," односно евтина пластика која може да биде собрана за полесен транспорт и потоа раширена во некоја од "запаметените" форми.

Трансформацијата на калапите започнува на 70 степени, што дозволува мебелот безбедно да биде спакуван за брз и евтин транспорт.

За сега најголем проблем со сериската изработка на овој вид мебел е цената на полимерите од кои тој се изработува.

26 април 2013 - 12:57