Вести

Португалија го укинува „здравствениот туризам“

Португалскиот парламент настојува да ја укине мерката која овозможуваше бесплатни здравствени услуги на странци и нелегални имигранти. Португалија стана популарна дестинација за „здравствен туризам“. Во изминатите пет години им била укажана грижа на повеќе од 141.000 странци без здравствено осигурување, со што останале ненаплатени услуги од 15 милиони евра.

Спроти можниот изборен пораз:

Луѓето на Трамп во трка по адвокати

Членови на администрацијата на Доналд Трамп, советници од Белата куќа, пониски службеници, па и компании што соработувале со владата, забрзано настојуваат да ангажираат адвокати за да ги бранат од очекувани тужби ако демократите победат на изборите за Конгресот во ноември. Трамп како претседател има посилен имунитет, а и веќе издржа два импичменти во својот прв мандат.

Мерките против ковид биле „смртна пресуда“ за најранливите Британци

Иако е општо познато дека постарите луѓе се екстремно ранливи на респираторни вируси, британските власти на почетокот на пандемијата на ковид не ги заштитиле луѓето згрижени во домови за нега. Меѓу нив префрлале нетестирани пациенти од болници, по што вирусот се проширил како пожар. Фокусот бил да се заштити здравствениот систем, покажува нов извештај.

Речник

Дата-центарот на копно, работниците на пловечки затвор

Инвеститорот на огромен центар за податоци во Норвешка, еден од најголемите во Европа, изнајмил голем брод што порано се користел како пловечки затвор за да ги смести накнадно ангажираните градежни работници. Изградбата на комплексот за кинеската компанија ByteDance веќе доцни шест месеци поради проблемите со наоѓање доволно работници.

Германија троши милијарди евра за странци кои не работат

Речиси две третини од корисниците на социјална помош во Германија имаат мигрантско потекло – многумина и откако ќе добијат државјанство. Државата за нив издвојува над 20 милијарди евра годишно и троши многу повеќе за домување, образование и интеграција. Ако веќе примаат помош, АфД бара и да работат, макар и по 15 часа општествено-корисна работа неделно.

Франција гори од токсична улична коалиција

Француската левица полека, но сигурно, му го сврте грбот на „продуктивниот работник“ и влезе во токсична коалиција со наводно угнетените: лути млади, мигранти, бездомници, муслимани. „Посипете малку радикален ислам и овој сојуз од луд станува смртоносен“, пишува Брендан О'Нил.

Моногамијата ја гази времето

Откако се ослободи содржината на една врска (маж-жена, маж-маж, жена - Ајфелова кула), на ред е да се еманципира и бројката. Сексолози сметаат дека моногамијата ќе го изгуби својот монопол за само десетина години.

Зошто во Авганистан гаѓаат со чевли?

Жени на улица се бранат фрлајќи со чевли, парламентарците гаѓаат со своите чевли кога не се согласуваат со нешто, девојките фрлаат со чевли по момците кои ги напнуваат низ град.

Отчетот на Блумберг

Мајкл Рубенс Блумберг е градоначалник на Њујорк веќе 12 години. Од неговиот допадлив отчет (во техничка смисла, бидејќи на нашиве градоначалници последен крик им е брошурка), издвојуваме само две бројки: 40.000 (!) нови градби и 724 километри (!) нови велосипедски патеки.

Кинески пркос

"Куќа од клинци" е кинескиот израз за сите оние семејства кои изминативе неколку години решија да се спротивстават и да не мрднат од својот имот, без разлика на тоа каков проект таму предвиделе властите и градежниците.

Немирите во Египет во прво лице

Американската фотографка Аманда Мустард додека работи на немирите во 2012-та на својот апарат закачува и мини камера за да ја сними околината во која се направени драматичните фотографии од Египет и како навистина изгледа целата ситуација на земја.

Шазам за бебешко плачење

Науката сè уште нема решение за фрапантниот проблем на македонската мајка (дијагноза: Како детето мое нигде нема друго) но, нашла за друг: бебешкото плачење и што тоа значи.

Колку исклучоци прават правило?

Барак Обама уверуваше дека сите прислушувања на НСА откриени од Сноуден се воделе според законите и стриктните процедури. Самата НСА инсистираше дека остапувањата од прописите се безначајни и се должат главно на компјутерски грешки. Да зумираме во бројките.  

76 сантиметри отпор кон Талибанците

Кога имаш мустаќи какви што има тој, можеш да очекуваш дека во животот ќе имаш проблеми со спиењето и јадењето. Но, заради Талибанците, Малик Алфриди има проблеми со самиот живот.

Со лажица против несаканиот брак

Владата своевремено упорно нè просветлуваше дека можеме да бидеме генијалци како оној што во жицата видел спојувалка (аха, Тесла видел билборд па решил да размислува генијално), но ова е стварно проста идеја а може да ги смени животите на илјадници несреќни девојки.

"Џобс" и Возниак пак се скараа

Ко-основачот на Епл го гледал филмот за Стив Џобс и не би го препорачал на пријател. Ештон Качер тврди дека знае зошто.

Елвис ова го нема слушано

Ова е една од последните снимки на Елвис Присли за која се претпоставува дека и самиот ја нема слушнато.

Со парите се претера

Иако повеќе од кој било друг направија Холивуд да се навлече на блокбастери, Стивен Спилберг и Џорџ Лукас сега сметаат дека ваквиот бизнис модел е неодржив.

Купувајте поскапо

За да и даде полет на домашната економија, францускиот претстедател лани започна камапња за купување домашни производи. Оние што го послушале, секој месец се пократки за 300 евра.

Сегрегација во боја

Сегрегацијата на американското општество по расни и етнички граници сликовите може да се долови доколку луѓето ги претворите во пиксели во боја.

Кому треба Шекспир во рап верзија?

Gay pride и Black Pride се бесмислени слогани и оние што ги носат треба да ги отфрлат, бидејќи создаваат бариери кои луѓето ги држат заклучени во рамките на малцинските групи, смета еден од водечките образовни експерти од Велика Британија.

Центар за странски јазици - Манчестер

Градот нема ни половина милион жители а на неговите улици можат да се слушнат 200 различни светски јазици.

Ги знаете ли Koana Islands?

Ако на ова прашање ви доаѓа да ни одговорите "Нормално, еднаш за малку и на одмор ќе уплатевме таму", тогаш, имаме проблем.

Џон Клиз против британските медиуми

Монтипајтоновецот ги поштеди само Гардиан, Индипендент и Деили Мирор.

Гугл нè гугла

Секој има право да верува дека неговиот меилови на Гугл ќе ја задржат приватноста. Само што, во тоа не верува Гугл.

 

Креативноста на лудите деспоти

Овојпат без нашите омилени ликови од екс-советскиот простор, неколку примери на државници чие лично "I have a dream" се претворал во кошмар за луѓето од тие земји.

Намерачени на андроид

Според глобалните податоци за софтверска безбесност, андроид е најзагрозена платформа. Бројот на злонамерни апликации за Андроид рапидно расте.

Македонски железници добиваат конкуренција

Основачот на Пејпал и Тесла моторс ги претстави деталите од својот транспортен систем хиперлуп кој треба да ги поврзува Лос Ангелес и Сан Франциско. Ќе дојде ли кај нас и кои денови ќе биде бесплатен за пензионери?

"Продавам син, дебил"

На веб сајт за онлајн продажба, човек од Зворник го огласил за продажба својот син, опишан како дебил. Го ставил во рубриката коњи.

Нож, жица, отштетица

Речиси две децении по срамното повлекување на холандскиот контингент од Сребреница што го овозможи масакрот врз муслиманите од градот, на Холандија ѝ се разбуди совеста па реши дека треба да обесштети - еден свој војник.