Истражувачи од Универзитетот Браун изготвиле апликација за која тврдат дека ќе ја разреши мистеријата на различните бебешки плачења.
Велат дека оваа алатка детектира суптилни варијации во бебешкиот плач недостапни за човечкото уво и благодарејќи на тоа може да ја дешифрира причината за плачењето.
Апликацијата е резултат на двегодишни изтражувања на лабораторијата на универзитетот и една болница за жени и бебиња од Роуд Ајленд.
Сè уште ја нема како апликација за смартфон. Прв чекор кон нејзиното проширување ќе биде иницијативата да им стане достапна на лекарите за да можат да откријат дали зад некој бебешки плач стои сериозен проблем.