Центар за странски јазици - Манчестер

Градот нема ни половина милион жители а на неговите улици можат да се слушнат 200 различни светски јазици.

Стручњаците преброиле 153 но веруваат дека во англскиот град Манчестер се зборуваат околу 200 различни јазици.

Градот има 480.000 жители и после Њујорк и Париз, се смета за третиот јазички најшаренолик град во светот.

Авганистанскиот Дара, староацтечкиот, јужноафриканскиот зулу, лингама, идомо, еле, игбо, конкани или пак нигерискиот дијалект елеме кој го зборуваат само 3.000 луѓе на светот се дел од егзотичната јазична мапа на овој англиски град.

Тој е сакана дестинација за доселеници уште од 79-та година од нашата ера кога во него доаѓаат старите Римјани. Ваквото јазично богатство на градот е извонреден капитал за неговиот натамошен развој бидејќи отвора можности за бизнис и размена со многу делови на светот.

Половината од граѓаните на Манчестер зборуваат барем два јазика а само 3 проценти не се служат со англискиот.

 

15 август 2013 - 16:55