Моногамијата е старомодна и ќе им отстапи место на поливалентните врски во кои ќе биде нормално да се имаат повеќе партнери, тврдат експерти за документарец на Radio 4 на оваа тема.
Во него се следи приказната за Том и неговите партнерки Чарли и Сара кои живеат хармонично, со мала помош на календарот на Гугл со кој утврдуваат кој со кого спие вечерта, кој е главен на далечинскиот и слични техникалии.
Белгискиот секс терапевт Естер Перел тврди дека ваквите врски во иднина ќе стануваат се почести и во период од 10 до 30 години ќе станат вообичаени.
"Моногамијата покажа извонредна долготрајност, но полигамните врски ги редефинираат љубовните правила и ја фаворизираат искреноста во однос на ексклузивноста."
Јавното расположение засега се уште е традиционално расположено, со 80 проценти Британци против полигамните врски.
"Никој од нас не бара да се решиме на кое од нашите деца му припаѓа нашата љубов. Зошто би било поинаку во романтичната љубов?", се прашува во документарецот.