Сегрегација во боја

Сегрегацијата на американското општество по расни и етнички граници сликовите може да се долови доколку луѓето ги претворите во пиксели во боја.

 


Луѓето од еден Универзитет во Вирџинија решиле да ги престатват податоците од американскиот попис од 2010- та на мапи на кои секој човек претставува една точка. Вкупно 308,745,538 точки. Белците се сини, црнците зелени, Хиспаносите портокалови, Азијците црвени и останатите раси кафеави точки.

Постоењето големи виолетови парчиња на мапата сугерира измешаност во некои од големите градови. 

Како на пример Минеаполис.

 

Но, само од далеку. Доколку истиот град се зумира на ниво на маала, сликата е поинаква.

 

Шест од 20-те најсегрегирани градови се наоѓаат по тн Амтрак коридор кој го поврзува Вашингтон со Њујорк.

 

Ваков е Вашингтон:

 

А вакви Њујорк и Њуарк, третиот и четвртиот најсегрегиран град во САД.

 

Поделеноста на американското општество не е е видлива само преку мапите на етнички чистите соседства туку и на ниво на пријателството. Неодамна беше објавено дека 40 проценти од белците немаат ниту еден пријател од друга раса. 

 

 

16 август 2013 - 09:24