Џон Клиз против британските медиуми

Монтипајтоновецот ги поштеди само Гардиан, Индипендент и Деили Мирор.

Промоцијата за престојната премиера на Дизниевиот анимиран филм Planes, Џон Клиз ја искористи рафално да распука по медиумите од островот и да го искаже своето гадење од нив.

Според него, освен Гардиан, Индипендент и Деили Мирор, истанатите се "најужасните, најрасипани и најодвратни неморални креатури кои можеш да ги најдеш надвор од затворите."

А потоа додаде:

"Mногумина од нив наскоро ќе бидат и внатре".

Клиз не е партиски активист иако не ја крие својата pоддршка за Либералните Демократи кои во 1981 година се одвоија од Лабуристите.

 

15 август 2013 - 10:43