Во целиот градежен бум во земјата, се случува властите да дозволат изградба на парцели кои веќе се во нечија сопственост. Овој проблем најчесто се решава со компензирање на сопствениците. Меѓутоа не сите се согласни да го продадат својот имот.
Терминот потекнува од 2007-ма по еден инцидент меѓу градежниците и сопственикот на една куќа на чие место требаше да биде изграден трговски центар.
И покрај популарноста на овие случаи во кинеските медиуми, тие најчесто завршуваат со демолирање, заради тоа што сопственикот се откажал и прифатил спогодба или нивниот дом нелегално бил срамнет со земја.
Јанг Ву и Ву Пинг во 2007-ма, парот кој одби да го напушти својот дом во област предвидена за трговски центар и со тоа инспирираше и други во Кина да се побунат против градењето.
Истата година, во централната бизнис зона на Шензен, пар одби да ја продаде својата вила за 840 долари и наместо тоа бараше да им биде платено 2.327 долари.
Таа есен во Гуангжу една зграда беше оставена сред локацијата предвидена за изградба на станбен комплекс.
Куќа во предградието на Нанџинг, на место предвидено за создавање на вештачко мочуриште.
Во 2009-та уште едно семејство не беше задоволно од компензацијата што им беше понудена за рушење на куќата. На местото е предвидена изградба на станбен комплекс.
Кон крајот на 2012-та постар пар одби да го потпише договорот за рушење на нивната куќа. По ова, куќата неколку месеци остана сред новиот автопат изграден низ нивното село.
Уште една куќа која заврши сред нов автопат. Семејството одби да ја продаде куќата и продолжи да живее без струја и вода.