76 сантиметри отпор кон Талибанците

Кога имаш мустаќи какви што има тој, можеш да очекуваш дека во животот ќе имаш проблеми со спиењето и јадењето. Но, заради Талибанците, Малик Алфриди има проблеми со самиот живот.

Малик Алфриди одбива да ги избричи своите 76 сантиметри долги мустаќи иако животот му зависи од тоа.

48 годишниот мустаклија е од Пакистан и имал озбилни проблеми со локалната талибанска групација Лакшар е Ислам кои оцениле дека ваков мустаќ е неисмламски. Му барале рекет од 500 долари месечно за да го штитат па откако одбил да плати, го киднапирале и го држеле месец дена во пештера.

Го вратиле избричен но тој повторно си го вратил стариот изглед на кој троши по пола час дневно, со восоци, уља и слични дрангулии.

Оттогаш заканите станале уште посериозни па во прашање бил доведен и неговиот живот. За да се поштеди и себе и семејството од трагични последици, решил да замине од дома и сега живее на друго место, а домашните ги посетува ретко и инкогнито.

Дури успеал и од својата нова општина да добие субвенции за храброста. Тие му даваат 50 долари месечно за негување на неговиот стејтмент мустаќ, една третина од потребните пари за негово одржување.

"Не пушам. Не се дрогирам. Не пијам. Овие мустаќи се единствениот избор кој сум го направил. Можам да се откажам од храна ама не и од нив," вели Алфриди.

17 август 2013 - 15:57