Фотографиите и видеата се од три дена од протестите во септември минатата година, а најголемиот дел се направени на плоштадот Тахрир. Мустард фотографира со Канон 5D Mark II DSLR, на кој има монтирано GoPro 2 камера.
Откако го прави првото видео во септември, таа решава да го повтори целиот процес и во октомври.
"Мислам дека е важно да имаме директен поглед на драматичните, а некогаш и драматизираните, моменти од кои се создаваат новински фотографии кои 'се продаваат.' Исто така добиваш чувство како изгледа да бидеш таму, за да се поправи претераната слика што медиумите најчесто ја прикажуваат," објаснува Мустард.