Таг: фотографи

Остави Кинез да изрезили цела фотографска фела (и да и симне цена)

Истото што го прават со секоја можна индустрија, кинескиов фотограф им го прави на сите свои колеги низ светот. Сите оние моќни ефекти пред кои сме беспомошни како публика, овој пат добиени по принцип „направи сам“, без компјутерски магии и илајдници долари вредни роботски раце.

Не ти е грд одморот, само не знаеш да правиш добри фотки

Во твоја одбрана човекот што ги прави фотографииве веќе е „наградуван за работа со природна светлина.“ Неговата главна поента е исто така прилично разочарувачка (за почетници): не е важно кај си, важно е колку се разбираш.

Водич за професионална фотографија

1. Најди што точно сакаш да фотографираш, и држи се до тоа.

Грди локации и добри фотки

Фотографиве стануваат фела која е крајно упорна да покаже дека за да си добар фотограф, најважно е да си добар фотограф. Односно дека не е важно каква опрема имаш, каде фотографираш, што и кого фотографираш. На тема локација, девојкава сака да ја докаже поентата со фотосесија сред маркет за алат и слична опрема.

Фотографот по кутијата од Мекдоналдс се познава?

Како пакет, ова е една многу инспиративна показна вежба во која познат француски фотограф научен да работи со опрема од десетици илјади долари покажува какви велелепни фотки може да извади користејќи само Ајфон, кутија од Биг-мек и рачна лампа. И пред да извршите церемонијално лупање на вашата опрема од ѕид, треба да знаете дека има една цака: откако ќе ја искористи комбинацијата Ајфон, картонска кутија и рачна лампа, работата е довршена со комбинацијата ВСЦО, Фотошоп и Лајтрум (сите три на мобилен).

Три грешки што ги прават сите почетници фотографи

Не дека само 3 ќе правите, поише ги има, само сега се фатиле со овие три: детали, позирање и светло.

Лекции за живот од фотографија

Човеков се вика Џими Нелсон и веќе над 30 години фотографира племенски и домородни луѓе. Ова го прави најпоштено, оди сред Африка, сред Монголија или сред која било друга недојдија и ги фотографира мештаните. Она што го кажува го има научено од тие што ги снима.

Совети од фотографи за нефотографи со апарат

Ние толку се имаме изнаслушано за зиберчиња, фокусчиња, светленца, блендички и слични фотографски аксесорис, што треба бенифициран стаж да ни уплатат од Фотографски сојуз на Македонија или кој и да е надлежен. Ова е за оние кои биле поштедени од вакви предавања.

Појадокот наречен желба

Мајкл Зи е фотограф од Лондон кој откако живее со својот партнер, секое сабајле прави појадок за двајцата. Симетрично ист појадок. Затоа што е фотограф и затоа што готви, ова не може да заврши на друго место освен на Инстаграм.

7 фори за фотографи

Во духот на направи што е можно поголемо подобрување со што е можно помалку труд, ви претставуваме неколку речиси бесплатни фори за луѓе што ќе направат да изгледате како навистина да знаете што правите со фотоапаратот.

Фотографот кој не умее ич со топка

Сè и сешто се изнагледавме денеска. Од смешен автогол, смотан голман, луд тројкаџија, па до расплакан навивач. Од третата шкотска лига го имаме и најкомичниот лик кој знае само да слика.

Немирите во Египет во прво лице

Американската фотографка Аманда Мустард додека работи на немирите во 2012-та на својот апарат закачува и мини камера за да ја сними околината во која се направени драматичните фотографии од Египет и како навистина изгледа целата ситуација на земја.

Фотографот што ги создаде соништата на едно дете

Матеј Пељхан е фотограф од Словенија. Тој го запознава Лука, дете кое страда од мускулна дистрофија и кое сонува за најдетските работи кои неговото тело не му дозволува да ги направи. А не бара многу.

Фото на сезоната

Фотографијата со разочараното дете-маскота на Свонси е избрана за најдобра фотографија во Премиер лигата за сезоната 2011/12.

Како се фотографираше Олимпијадата

Уредниците за спортска фотографија на Ројтерс и фотографите, раскажуваат и ја објаснуваат својата стратегија за фотографирање на ОИ. Омилени дисциплини - атлетика.

Татко фотограф

Џејсон Ли е фотограф кој парите ги вади од сликање венчавки и невести пред свадба. Џејсон има и две ќерки. Кога не можел да ги однесе ќерките да ја видат мајка му (која била дијагностицирана со рак), Џејсон почнал да ги слика малите. И уште не престанал.