Фотографот што ги создаде соништата на едно дете

Матеј Пељхан е фотограф од Словенија. Тој го запознава Лука, дете кое страда од мускулна дистрофија и кое сонува за најдетските работи кои неговото тело не му дозволува да ги направи. А не бара многу.

Пељхан со Лука прави фото-сесија наречена "Малиот принц" (оригинал Le Petit Prince) во која 12-годишното дете останува легнато на земја додека тој ги менува позадините и движењата на малиот.

"Заради болеста, Лука не може сам да ги прави ниту најосновните секојдневни активности, како бањање, облекување или јадење. Неговите физички способности во најголем дел се ограничени на мали движења со прстите, што му дозволува да ја управува електричната инвалидска количка. Тој исто така може да држи и боички, со кои постојано црта во својата тетратка.

За време на разговорот со Лука, Пељхан дознал дека детето сака да се види себе на фотографии во кои оди, истражува и е немирен. Наместо да користи дигитални финти, Пељхан пристапи од поинаква перспектива."

20 април 2013 - 18:29