Манолин и големиот Роналдо

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека освен што е одличен фудбалер, тој е голем човек и го усреќи малиот Манолин.

Пред гостувањето кај Малага, Роналдо сакаше на малиот Манолин да му подари дрес, но му го украде друго дете.

Расплаканиот Манолин втрча на терен по што Роналдо му вети дека ќе му подари друг дрес по загревањето и го упати кон клупата на Реал, но член на обезбедувањето го исфрли од стадионот.

Сепак Роналдо не го заборави детето и преку обезбедувањето успеа да го израдува малиот Манолин.

17 март 2014 - 15:29