Совети од фотографи за нефотографи со апарат

Ние толку се имаме изнаслушано за зиберчиња, фокусчиња, светленца, блендички и слични фотографски аксесорис, што треба бенифициран стаж да ни уплатат од Фотографски сојуз на Македонија или кој и да е надлежен. Ова е за оние кои биле поштедени од вакви предавања.

- За фотографирање деца и миленичиња: физички симни се на ниво на нивниот поглед.

- Гледај хоризонтот да ти биде прав.

- Ако сакаш направи и 100 слики од шетање по планина, ама на крај избери десетина што се стварно квалитетни, што ќе им ги покажуваш на луѓе (или ФБ), не мора сите 100 да се прегледаат (објават).

- Приближи се. Пополни ја рамката со тоа што го фотографираш. Избегни ја непотребната гужва во позадината. На пример ако фотографираш цвет, не ти треба целата ливада, небото, паркингот и што и да е во сликата. Едноставноста е убавина.

- Немој да го користиш вградениот флеш од апаратот кога фотографираш луѓе на слабо светло. Влези во опциите за апаратот и најди начин како ISO-то да го кренеш повисоко. И идиотчињата би требало да ја имаат оваа опција.

- Не ти треба апарат од 2.000 евра за да вадиш добри слики (за аматери ова). Ти треба да знаеш да ја бркаш и да го најдеш кадарот и аголот што ќе ја извадат сликата.

- Не го пукај флешот, ако тоа што го сликаш ти е некаде далеку.

- Користи флеш на јако сонце за да ги елеминираш сенките од лицето.

- Композиција. Ова е видеото што треба да го гледаш:

- Нека ти бидат едноставни фотографиите. Не може во иста слика да се обидуваш да ги фатиш и човекот и споменикот и сонцето и виножитото и кучето.

- Научи да користиш "white balance"

- Намести го датумот на апаратот. Сега може не ти е важно, ама за 4 години кога ќе ти текне да воведеш ред во купот слики ќе се чудиш што сите ти се со датум 1-ви јануари 20хх.

- Не ти требаат филтри на Инстаграм, само намести го осветлувањето и white balance.

- Кога сликаш со смартфонот не користи дигитален зум. Не зумира ништо, туку само ги растегнува пикселите и изгледа ужасно.

- Ако мораш да ја сликаш храната за Инстаграм, стави бела салфетка до неа, ќе ти ја осветли сликата.

виа

Колекција на македонски фотографи тука

15 декември 2015 - 15:24