Англискиот образовен специјалист доктор Тони Сјуел смета дека и самиот термин малинство имплицира инфериорност бидејќи го идентификува човекот со статусот на жртва.
"Во некои случаи на писатели и музичари, малцинскиот статус може да носи пари и слава но тоа е коруптивно и измамнички. Треба да се офрлат паролите за геј и црнечка гордост бидејќи се бесмислени и ги заклучуваат луѓето во рамка," вели Сјуел.
Според него, ваквите термини од 70-тите своевремено помагале во борбата за еднаквост но денеска се контрапродуктивни бидејќи создаваат бариери. "Кој сè денес е црн?", прашува Сјуел мислејќи на се комплексноста на западните општества.
Тој не негира дека и денес постои расизам. И затоа се потребни силни закони за заштита од тоа зло.
"Но, ниеден млад човек не може да диши слободно ако постојано го носи тешкиот товар на малцинскиот статус, постојано потенциран од неговите пријатели, семејството или непријателите", вели човекот кој е основач на хуманитарната организација "Правење генијалци".
Според него, погрешно е и постојаното инсистирање на посебноста на културните идентитети. Младите црнци треба да го читаат Шекспир во оригинал а не тој да им се приближува со рап верзии на Магбет.
"И јас сакам рап ама не мислам дека тој треба да биде стандардно обележје на секој што е црн", вели експертот.