Двајца со камера влегуваат во библиотека / читална и се пресретнати од вработената која им објаснува дека не смее снимање таму. Ако на крај од клипот ја имаш истата реакција како девојкава, знај дека е готово и сè што имало си прележал.
Книжевната историја не поднесува „дупки“ и вакуум во нашето познавање на следоредот на настаните. Оттаму, било многу важно да се наполни биографијата на Хомер, па макар се шпекулирало со шест различни татковци, седум можни места на раѓање и датуми кои се во опсег од дури четири векови.
Аманда Горман блесна на инаугурацијата на Бајден, кога настапи со својата поезија. Мариеке Лукас Ријневелд, најмладата добитничка на Букер, требаше да ја преведува нејзината поезија на холандски. Но Горман е црна, Ријневелд бела. Ова беше доволно за втората на крај да мора да се повлече од проектот.
Баварија става крстови на државните згради а полицијата почна да патролира долж границата на „Европа без граници“. Ако на крајните десничари им оди волку добро во услови забревтана економија, што ли ќе се случи со нивната популарност ако економија почне да стагнира?
Во 1985 имаше само седум топ-левел домени: .com, .org, .net, .edu, .gov, .arpa и .mil. Денес има повеќе од 1.000, од .uk до .gucci. Еден од нив е и .cat и тој има врска со актуелниот референдум за независност на Каталонците.
Што точно мислиме под она дека „секој има право на свое мислење“, кога е јасно дека и покрај таквата теориска великодушност сепак постојат мислења кои се (мнооогу) погрешни, и нивни носители на кои таквото право не би требало да им е овозможено?
Кога државите и нациите забрзано и во од го менуваат својот идентитет станувајќи сè поразновидни и пошарени, треба ли да постои заедничко јадро на факти и референци кои ќе ги зближат етничките и останатите општествени групи и ќе овозможат полесна комуникација меѓу нив?
Лингвистичките шеми кои се појавуваат при анализата на голем број пасворди кажуваат нешто за нас како човечки вид. Тие го ритуализираат нашето секојдневно соочување со личните спомени и со нашите вредности. А зад нив често се кријат и убави, но и трауматични приказни.
Gay pride и Black Pride се бесмислени слогани и оние што ги носат треба да ги отфрлат, бидејќи создаваат бариери кои луѓето ги држат заклучени во рамките на малцинските групи, смета еден од водечките образовни експерти од Велика Британија.