Trend Micro ги објави податоците за вториот квартал на 2013 во кој се регистрирани 718.000 малициозни и ризични апликации за Андроид.
Количеството на малициозни апликации за овој оперативен систем во мобилните телефони е зголемен на ниво за кое на компјутерите им беа потребни неколку децении. Само за 6 месеци, бројот на ваквите апликации е пораснат за 350.000.
Што се однесува до категоризирањето, најмногу злонамерни апликации имитираат некаква премиум услуга (44 проценти) и апликации кои крадат лични податоци (24%).
Trend Micro спомнува дека во последно време најпопуларни се FAKEBANK апликациите кои глумат вистински апликации па преземаат податоци и FAKEAV апликациите, кои наводно го скенираат системот заради негова заштита.