
Иако е комплетно сулудо во земја во која секој втор им по два Калашникови ти да посегнеш по чевла, сепак ова е еден од ретките не смртоносни одбранбени системи кои функционираат во Авганистан.
Минатата година еден парламентарец по потекло Паштун, почна да го гаѓа својот колега со чевлите, инаку етнички Узбек, откако овој ги обвини Паштуните за целата корупција во земјата и за бомбашите самоубијци. "Да имав мртво куче ќе му го обесев околу врат. Ама во моментот ги имав само моите чевли," изјави тогаш парламентарецот.
Слични манири минатата година покажаа и парламентарките, кои прво почнаа да се гаѓаат со чевли, за потоа целата работа да прејде во физичка пресметка.
Еден студент по медицина раскажува како враќајќи се накај дома, почнал да им префрла на група девојки, дека се убави и згодни. По ова кога девојките решиле да влезат во една сендвичара, по што и тој влегол по нив.
"'Немој да ги правиш сендвичите премногу жешки. Не би сакале тие да си ги изгорат нивните убави усни,' на цел глас студентот му рекол на готвачот. Според неговото сеќавање, по ова следувал бараж од чевли од девојките за кои зборувал. Веднаш сите во дуќанот почнаа да им се смеат на младите момци. 'Ова беше најужасно и најсрамно мое искуство. Ако оваа сцена ја снимеа и ја покажеа на ЈуТјуб ќе морав да исчезнам од Универзитетот за да го сокријам мојот срам,'" го пренесува Дејли Бист сведоштвото на студентот.
Дејли Бист ја раскажува и приказната на една студентка на Универзитетот во Кабул, која била малтретирана на улица. Таа веднаш го гаѓала напаѓачот со своите чевли. Тој си заминал меѓутоа со себе ги земал и нејзините чевли. По ова братот на девојчето, со нож во рака почнал да го брка напаѓачот.
Целата филозофија е во тоа што Авганистанците ги сметаат чевлите за безвредни, што пак значи дека и тој што го гаѓаат со чевли е подеднакво безвреден.