Koana Islands е ланец од 32 острова, со 9 главни градови, 11 национални паркови, 93 милиони жители кои живеат на територија голема колку Шпанија и Шведска. И веројатно не сте слушнале за нив само затоа што - не постојат.
Всушност, постојат, но само на двата хард-диска од 250 гига на Австралијанецот Иан Силва. Тој дење е машиновозач но во слободно време живее доградувајќи ја својата замислена земја.
Неговите Коана острови се лоцирани меѓу Мадагаскар, Индонезија и Австралија, распослани во три климатски зони. Главно се белци кои зборуваат на јазик кој е дериват од англискиот и шведскиот. Коана доцна се релативизира, но денес е тоа едно од најдобрите места за живеење, со одличен јавен транспорт и здравствен систем. За недајбоже, Силва има измислено и број на Брза Помош - 777, без префикси. Силва дури одржува и национална безбол лига на Коана, користејќи веб симулација за таа цел.
Вели дека тоа го одмара и дека му го намалува стресот. Но, колку и де е детален во градењето на информациите за неговите измислени острови, тоа не е ништо во одно на фрапантните карти кои ги црта.
Клик на сликите за нивните целосни верзиите за да ја доловите оваа неверојатна пасија.