Купувајте поскапо

За да и даде полет на домашната економија, францускиот претстедател лани започна камапња за купување домашни производи. Оние што го послушале, секој месец се пократки за 300 евра.

Франсоа Оланд и министерот за индустрија Арно Монтебур лани на голема врата ја најавија кампањата "Произведено во Франција" со која граѓаните се охрабруваа да ги преферираат продуктите од домашните компании.

Завршната сметка за крај на месецот е меѓу 100 и 300 евра повеќе за оние што доследно се држат до паролата.

Француска тинк-тенк група во еден извештај насловен како "Непроизведено во Франција" нуди листа на производи и услуги за кои најмногу се штеди ако се купуваат од странски производители. На неа се женски чанти, рамни телевизори и друга електроника, како и облека и обувки.

На најтврдите патриоти кампањата годишно им го крати семејниот буџет за речиси 4.000 евра.

"Ако за едни чевли платиш двојно повеќе затоа што се француски, ќе ти останат помалку пари да потрошиш во (француска) кафеана," гласи еден од аргументите против ваквата кампања.

Оланд и Франција за кампањата беа мета на критика и на Светската трговска организација која ги обвини за патриотски протекционизам.

16 август 2013 - 13:54