Вести

Инвазија од африкански мигранти врз Шпанија

Илјадници мигранти од Мароко јуришаа преку огради и плажи врз шпанската територија Сеута, енклава од африканската страна на Гибралтар која има копнена граница со Мароко. Поттикнати се од одлуката на социјалистичките власти да им дадат документи на 500.000 нелегални мигранти и на судската пресудата за заштита на оние што доаѓаат во енклавите.

Не сакаат војна:

Јорданците бараат американските трупи да си заминат

Откако Јордан почна секојдневно да трпи колатерална штета од иранските ракети лансирани кон американските бази во Кралството, стотици политички и јавни личности се охрабрија во отворено писмо да ги повикаат властите да им го откажат гостопримството на американските трупи. Не сакаат нивната земја да биде вовлечена во регионална војна заради одбрана на Израел.

И воздухот е „невидлив рудник“

Човештвото одамна совладало техники на копање руди и експлоатирање течности како основни блокови на цивилизациите. И воздухот е „невидливо злато“, укажува нобеловецот за хемија Сусумо Китагава. Неговата пионерска технологија на метално-органски рамки отвора потенцијал за сепарација на полезни материјали од воздухот, но не може сега да се реализира затоа што е скапа.

Речник

Израел ги труе ботовите со дозирана пропаганда

Кога ќе прашате чет-бот за војната во Газа, одговорот може да биде „затруен“ од пропагандна операција финансирана од израелската влада и командувана од поранешен шеф на кампањата на Трамп. Мекиот пристап на ширење дезинформации чини 50 милиони долари, но барем засега не успеа да го промени негативниот став на Американците за Израел и неговите војни.

Трамп повеќе нема да финансира опасни експерименти со вируси

Администрацијата на Трамп официјално се откажа од контроверзната политика на финансирање опасни истражувања на вируси. Во времето на докторот Ентони Фаучи, САД одобрија грантови од милиони долари за експерименти со „стекнување функции“ во недоволно безбедни лаборатории во Вухан, од кои најверојатно протече коронавирусот што предизвика пандемија.

САД им брани на војниците околу Иран да користат мобилни телефони

Централната команда на американските сили се закани дека ќе им ги запленува мобилните телефони на војниците во Јордан затоа што со објавувањето сведоштва, фотографии и снимки им олеснуваат на иранските сили да ги следат ефектите од своите ракетни напади. Адмиралот Бред Купер оцени дека и новинарските извештаи се бесплатен разузнавачки сервис за Техеран.

Рикверц од 300.000 долари

Ова што ќе ви го покажеме ниту е пријатно, ниту е убаво за гледање, ама некој мора да го направи. Веста доаѓа од Њујорк.

Колку си попаметен, толку си поглуп

Колку подобро се снаоѓаш со бројки и математика, толку е поверојатно да дозволиш твоите политички убедувања да влијаат општо на твоето размислување. Поточно, колку си попаметен, толку подобро можеш да ги извртиш фактите за да одговараат на твоите веќе постојни убедувања.

Зошто првородените деца се подобри на училиште?

Во основа постојат два типа на родители, оние што не простуваат неуспех на училиште и оние што простуваат. Првородените го јадат стапот и од двата типа.

Не плаќајте скапа пијачка, ако не е виски

Теоријата е дека најголемата измама на индустријата за алкохол е дека колку е поскап, толку е подобар пијалакот.

Земји во кои не е добро да си вештерка

Повеќето западни држави престанаа да ги гонат вештерките до крајот на 18. век. Но, еве пет места каде глобалниот лов се уште трае.

Родителите на Тијана решија дека 2-та милиони евра се нивни

Таткото и мајката на 8-годишната Тијана Огњановиќ која почина на 15-ти јули, а за чие спасување и операција цела Србија се крена на нозе и собра над 2 милиона евра, одлучија сите пари од донациите да ги задржат за себе.

How I Met Your Father

По девет години ова е последната сезона на How I Met Your Mother, ама на СиБиЕс не им се прекинува тука.

Колку вода се троши за да наполниш еден литар вода?

Чувствителни затоа што сите им зборат дека трошат премногу ресурси Меѓународната асоцијација за флаширана вода решава за прв пат во историјата да провери колку вода се троши за производство на еден литар.

Амазон даровен

Од сите бизниси што се прават околу најголемата онлајн продавница на светот, има една посебна фела која изминативе години успева да извади тони бесплатни производи од Амазон - луѓето што оставаат коментари на производите.

Барцелона, најефтиното предградие на Лондон

Англичани се шокираа откако на еден блог ја прочитаа пресметката по која испаѓа дека им е поефтино да живеат во Барцелона и секој ден со авион да доаѓаат и да си одат од Лондон.

Марина Абрамовиќ да се пензионира

Оние кои стојат зад ваквата акција не ја потценуваат пионерската улога на Марина Абрамовиќ во светот на уметничкиот перформанс. Само мислат дека е крајно време малку да (нè) олабави.

Ноќта на бонбоните

Од сите бонбони што во една година се јадат во Америка, 4% ќе бидат изедени само за Ноќта на Вештерките.

Скриената цена на кременадлата

Германија годишно коле 58 милиони свињи и има изградено ефикасна месна индустрија која заостанува само зад САД. Германецот годишно во просек јаде 39 килограми свинско и 22 килограма од другите меса.

Водич низ кинеските љубовници

Кога западњаците прв пат ќе дојдат во Кина тие се најдлабоко вчудовидени од строгата поделеност меѓу бракот, романтиката и сексот во земјата - за што според кинеското размислување потребни се три различни жени.

Не верувајте на големи попусти

Ако видите дуќан со понуда од 70 или повеќе проценти попуст, баталете го тој дуќан, порачува експерт кој ја проучувал културата на ценкање и пoпусти во Америка.

Правило за состаноци: две пици

Познаваме компании во кое бескрајното состанчење (и форвардирање меилови) изгледа како единствена смисла на работниот ден на некои вработени. Џеф Безос од Амазон има поинаков поглед: состанок САМО ако е тотално неопходен а и тогаш, не со многу луѓе.

Влажниот интернет сон

Маж во 2009-та експериментира со некои нови работи на интернет и решава да купи биткоин (виртуелна валута) во вредност од 27 долари. Четири години подоцна му текнува да провери што се случило со неговата инвестиција.

Луѓето што убиваат слонови

Луѓето низ светот бараат слонова коска. Воините на Самбуру племето од Кенија ловат слонови. Ренџерите од парковите во Кенија ловат Самбуру воини.

Приказната за животот под дроновите

По 9 години користење и 2.500 цивилни жртви, Обама дури во мај годинава официјално призна дека во нападите со дронови гинат и цивили. Приказната не е за мртвите во нападите, туку како тоа ги прогонува живите, како и понатаму останува со нив.

20 стапки од славата

Најчесто се девојки, најчесто имаат одличен глас и најчесто никој (надвор од екипата) нема поим кои се тие. Сега еден документарец ги седнува Џегер, Спрингстин и компанија, да зборуваат за луѓето што им чуваат грб.

Свињогејт

На сопственик на ресторан во провинцијата Хенан му пукнал филмот и пред соседите се пожалил дека градскиот секретар на комунистичката партија и остатокот од градските власти му се должни 115.000 долари за изедени свински нозе.

Секс во време на криза

Ако си Италијанец(ка) и си под 40 години, има 50% шанси дека уште живееш со твоите, а ти се сака.

Авионите ќе собираат се помали газови

Седиштата во кино (американско) се широки 63 сантиметри, во прва класа на Боинг 777 ширината им е 53 см, а обично столче во канцеларија е 46 см, во новите модели на Дримлајнер 787 и Ербас А330 авиокомпаниите нарачаа седишта од 42 сантиметри за интерконтиненталните летови, кои траат од 6 до 14 часови.