Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Како Русија планира да испрати космонаути на Месечината до 2030

Во говор на Московскиот Универзитет, првиот човек на Роскомос, Дмитри Рогозин, објави план за десетина години да го слетаат (и вратат) првиот руски космонаут на Месечината.

Никако да ја остават Меркел да се пензионира на раат

Иако планот беше постепен фејд-аут на Ангела Меркел до крајот на нејзиниот мандат во 2021, по ЕУ изборите станува се поверојатно дека наследничката на Меркел нема да стане наследничка на Меркел.

Бившата на Безос веќе „списка“ пола од милијардите што ги доби во разводот

По разводот со Џеф, Мекензи Безос заврши со некои си 37 милијарди долари (дури и откако се откажа од купишта пари). Сега стигна некаде на половина од овие пари откако другите ги даде во добротворни цели.

Амнести интернешнл остана без речиси целото раководство

По ревизијата која утврди дека организацијата насочена кон помагање на најзагрозените групи на луѓе во светот е „токсично работно место“, Амнести интернешнл се реши на бркање на 5 од 7 извршни директори.

Најголемиот колекционер на винили не слуша плочи

Мартин Смитерс ја има веројатно најголемата колекција на винилни плочи на светот во која има инвестирано стотици илјади долари. Тврди дека не слуша ништо од тоа. Кога сака да чуе нешто музика, си пушта Јутјуб.

Ликот што му ги пазеше парите на Стен Ли уапсен за злоупотреба на стар човек

Драмата што се одвиваше со богатството и имотот на Стен Ли додека уште беше жив деновиве заврши со апсење на неговиот бизнис менаџер Кеја Морган.

Шамарот Василиј стигна до Гардијан

Земјоделец од Сибир е многу прецизен и прифатлив опис на Василиј Камотски, дивоградбата од човек што отшрафуваше глави на првенството во мавање шамари во Сибир.

Зошто пилешкото е толку евтино?

Многу работа во цената врши тоа што во секој даден момент на планетава има 23 милијарди кокошки / пилиња.

Проговори основачот на Хуавеи

Во интервјуто со Блумберг, Рен Женгфеи зборува за сите проблеми што го затекоа последниве месеци и тоа што му наметнаа статус на негативец во светот. Од негова гледна точка Американците и Трамп се љубоморни што Хуавеи отишол толку напред.

4чан тргна да им го одмилува хаштагот на Американците

Во време кога Вегета знакот дотера до таму да биде толкуван како расистички симбол (па сега човек треба да пази и џоинт како пуши да не излезе дека е расист), троловите од расадникот на тролови 4чан решија да почнат со кампања за претворање на хаштагот во обележје на расистичкиот дел од Америка.

Програмери престанете да се кажувате дека сте инженери

Некако низ годините ИТ индустријата успеа на сите позиции во своите редови што не се поврзани со продажба, маркетинг и дизајн да им го накалеми терминот „инженер“. И ова е погрешно по голем број основи. На пример, инженер инженер има вистинска должност кон јавната безбедност и сигурност.

Фејсбук како глобална платформа за борби со кучиња

Помошта што организаторите на вакви настани ја добиваат од Фејсбук не се однесува само на промоција на борбите, туку и на развивање на цела мрежа за безкрупулозна трговија со кученца.

Украински олигарх го повика Зеленски да престане да го плаќа долгот на земјата

Зеленски треба да ги одбие предлог мерките за штедење од ММФ и да престане со исплата на ратите на својот надворешен долг, порача Игор Коломојски украински милијардер и човек кој го сметаат за доста близок на новиот украински претседател.

КросФит фати уџум од Фејсбук

КросФит е популарна фитнес програма за вежбање и здрав живот. Го обвинија Фејсбук за промовирање утописки социјализам. Решија да ги напуштат Фејсбук и Инстаграм и да им ги плеснат причините за тоа кои долго им ги собираат. Многу легитимни причини, од Биг Брадер до цензура.

Малезија почна да му го враќа ѓубрето на Запад

Државата го потсети развиениот свет дека за ѓубрето од кое сака да се отараси постојат меѓународни правила и дека не може да им прошверцува баш секакво ѓубре. За почеток, ѝ враќа пет контејнери на Шпанија.

Во ерата на Трамп, расните предрасуди попуштиле

Иако звучи нелогично, механизмот кој довел до ваков епилог е разбирлив: кога ќе чуеш како звучи вистински расист, си викаш, не сум бе јас ваков. 

Како пропаднаа илјада научни трудови

Пред 20-тина години откриваат дека извесен ген има големо влијае врз ризикот од депресија. На основа на тој научно докажан факт се калемат куп истражувачки трудови кои прецизираат секакви можни детали поврзани со темата. Две децении подоцна, се констатира дека фактот баш и не е факт а целата научна документација изградена врз него, сега може да се користи за виткање тегли ајвар.  

Стоунси конечно им попуштија на Верв за „Bitter Sweet Symphony“

Во 1997 Ричард Ашкрофт од Верв ја пишува една од химните на бритпоп ерата „Bitter Sweet Symphony“, и до пред некој ден тој немаше речиси никакво право врз песната затоа што земал семлп од песна на Стоунси.

Новартис го има најскапиот лек на светот

Се работи за генетска терапија по име Золгенсма наменета за третман на смртоносната спинална мускулна атрофија кај новороденчиња, и Новартис ја продава за 2,1 милиони долари.

Султанот од Брунеи ја врати дипломата од Оксфорд

Чергата му ја запалија Џорџ Клуни и Елтон Џон заради тоа што во султанатот се воведоа смртни казни и каменувања на хомосексуалци и силеџии. Ама сечи им го паметот на оние во Оксфорд што уопште му давале почесни титули на султан.

Сноуден: САД му отворија војна на новинарството

Влогот е судбината на новинарството како што го познаваме, вели најпознатиот свиркач на светот, Едвард Сноуден, за одлуката на Вашингтон во 17 чекори да го гони Џулијан Асанаж за шпионажа.

Колку повеќе си ја сакаш работата, толку те мислат за поглуп

Експлоатацијата на вработените станува многу поприфатлива за околината кога вработениот го сметаат за „пасиониран“ околу својата работа, покажува споредба на повеќе студии.

Банкси им упадна на Биенале со тезга на диво

Неколку дена по отворањето на Уметничкото биенале во Венеција, на плоштадот во главниот град се распостелува див тезгаџија што вади 9 уметнички слики за да ги продава. За некое време доаѓа полиција и го пакува човекот затоа што е без дозвола. Не се знае дали продал нешто. Од вчера се знае дека е Банкси.

Црнкињата нема да се појави на 20 долари во скоро време

Редизајнот на 20-доларката, со кој ќе се разбиеше монополот на бели мажи на американската валута, администрацијата на Обама објави дека ќе биде пуштен во оптек некаде во 2020. Овие што дојдоа после него одложија за 2028.