Директорите кои ја напуштаат Амнести се од канцелариите во Лондон и Женева, а според британските медиуми директорите за збогум ќе добијат „великодушни“ исплати.
Истрагата беше започната откако во 2018 се самоубија двајца вработени на Амнести интернешнл. Еден од нив се самоуби во канцелариите на Амнести во Париз, оставајќи зад себе белешка во која како причина ги наведува стресот и преработеноста. 6 недели подоцна 28-годишна вработена во Амнести во Женева се самоуби во својот семеен дом.
Во истрагата беа анкетирани 475 вработени на Амнести, од кои многумина дале конкретни примери дека доживеале или сведочеле на малтретирање од менаџерите на организацијата. Освен тоа, наспроти сите свои кампањи и постери што ги вадат, менаџментот упорно терал дискриминација по основа на раса, род, и сексуална определба.
Освен Амнести, слични искуства беа откриени и за уште неколку масовни добротворни организации, како Оксфам (малтретирање и насилство) и Сејв д чилдрен (сексулано малтретирање).