43-годишниот Морган е обвинет по повеќе основи меѓу кои кражба, проневера, фалсификување и измама на постаро лице, како и недозволено притворање на постаро лице.
Од конкретните примери, Морган е обвинет дека сам ги собрал 262 илјади долари хонорар на Стен Ли за неколку појавувања во јавноста. Како и тоа дека во еден момент го преселил Ли од неговата куќа во Холивуд во апартман во Беверли хилс „каде Морган имал контрола врз Ли“.
Ќерката на Ли уште минатата година побара судот да му забрани на Морган да биде близу нејзиниот татко затоа што го спречувал Стен Ли да се гледа со семејството и пријателите, и се обидувал да му ги контролира парите и бизнисот.
Кога Стен Ли умира минатата година на 12 ноември, неговото богатство беше проценето на 80 милиони долари.
Морган е уапсен во бегство во Аризона.