Стоунси конечно им попуштија на Верв за „Bitter Sweet Symphony“

Во 1997 Ричард Ашкрофт од Верв ја пишува една од химните на бритпоп ерата „Bitter Sweet Symphony“, и до пред некој ден тој немаше речиси никакво право врз песната затоа што земал семлп од песна на Стоунси.

Самата пресуда со која претходно на Ашкрофт две децении му беше оспорувано правото на песната, е прилично апсурдна. Ашкрофт имаше земено семпл од оркестарска изведба на „The Last Time“ на Стоунси. Ниту Џегер, ниту Ричардс, кои се автори на песната, немаат никаква врска со гудачкиот дел што Ашкрофт го копира, ниту пак со оригиналниот текст и музиката што тој ги пишува.

Според Би-би-си Стоунси доброволно одлучиле сите права за „Bitter Sweet Symphony“ да му ги вратат на нивниот правичен сопственик.

Ашкрофт за време на примањето на наградата за животно дело на Ивор Новело наградите, посветени на британски и ирски текстописци, објавил дека ги добил правата:

„Од минатиот месец Мик Џегер и Кит Ричард ми ги препишаа правата за 'Bitter Sweet Symphony', што е стварно љубезно и великодушно од нивна страна.“

 

25 мај 2019 - 17:04