Фејсбук не ги следи сопствените правила кога е во прашање забрана на насилни содржини и продажба на животни, се наведува во извештајот на организацијата за права на животните Лејди Фритинкер (ЛФТ).
Гардијан пишува дека извештајот со име „Смртоносното подземје на борбите со кучиња на Фејсбук“ го обвинува Фејсбук дека е „епицентарот“ на дискусиите за одредени сорти кучиња и одгледувачи кои најчесто се вклучени во смртоносна трговија.
Истрагата на ЛФТ го опфатила периодот од декември 2018 до февруари 2019, во кој биле регистрирани 2.000 постови и 150 Фејсбук страници кои промовирале борби со кучиња и трговија со кучиња кои се користат во борбите. Најголемите 5 групи на темава, опфатени од ЛФТ имале вкупно над 160.000 корисници.
Како дел од истрагата 26 постови биле пријавени на Фејсбук за прекршување на нивните правила на користење, меѓутоа компанијата прифатила да отстрани само 6 од нив. За останатите Фејсбук на истражувачите им препорачал да ги блокираат или да ги избришат од пријатели луѓето чии постови ги сметале за навредливи.
Контактирани по истрагата, од Фејсбук порачуваат дека ќе ги разгледаат проблематичните постови.