САД не се во војна ниту со Асанж ниту со Викиликс туку со самото новинарство, вели Сноуден откако Вашингтон подигна 17 нови обвиненија против основачот на Викиликс кој заради непојавување на суд се наоѓа зад решетки во Велика Британија.
Според Сноуден, овој случај ќе ја одреди судбината на новинарството.
Ако се прогласи за виновен по новите обвиненија, Асанж го очекува затвор преку 170 години.
Се произнесоа и од Викиликс кои оценуваа дека се работи за лудило кое го загрозува и новинарството и првиот амандман од американскиот устав.
Асанж беше уапсен од британските власти после 7 години минати во азил во еквадорската амбасада во Лондон. Вашингтон бара негова екстрадиција a и Шведска повторно го отвори случајот против него во кој тој се обвинува за силување.