Банкси им упадна на Биенале со тезга на диво

Неколку дена по отворањето на Уметничкото биенале во Венеција, на плоштадот во главниот град се распостелува див тезгаџија што вади 9 уметнички слики за да ги продава. За некое време доаѓа полиција и го пакува човекот затоа што е без дозвола. Не се знае дали продал нешто. Од вчера се знае дека е Банкси.

Вчера на својот официјален профил на Инстаграм пишува дека не му е баш сеедно што никогаш не бил поканет да учествува на венецијанското биенале кое е „најголемиот и најпрестижниот уметнички настан во светот“.

Во видеото објавено и на неговиот Јутјуб канал се гледа замаскиран човек како изложува слики за продажба на улиците на италијанскиот град. Составени заедно на нив се гледа џиновски крстосувачки патнички брод како го покрива видикот на Венеција, една прилично контроверзна тема за локалците.

Пред да биде попратен од жандармеријата, на клипот се гледа како минувачи без да имаат поим за кого станува збор ги разгледуваат изложените слики.

 

23 мај 2019 - 14:16