Таг: банкси

Банкси го потврди „Големото британско шкртање“

Банкси отиде на одмор, во неколку британски приморски градови и додека беше таму им остави сувенир од неговото присуство.

Мајмуните на Банкси продадени за 11 милиони евра

Овој пат слика на Банкси успеа да заврши аукција без да биде исечена на резанци, и тоа за повеќекратно повеќе пари отколку што се надеваа.

Банкси им упадна на Биенале со тезга на диво

Неколку дена по отворањето на Уметничкото биенале во Венеција, на плоштадот во главниот град се распостелува див тезгаџија што вади 9 уметнички слики за да ги продава. За некое време доаѓа полиција и го пакува човекот затоа што е без дозвола. Не се знае дали продал нешто. Од вчера се знае дека е Банкси.

Луѓе баш и не ја веруваат приказната на Банкси

Човеков има два проблема со целата приказна. Прво, тврдењето на аукциската куќа Сотби дека сликата е од човек кој лично ја добил од Банкси во 2006 и дека целиот механизам, сосе батерии, 12 години лежи така затворен. Втор проблем е поставеноста на ножевите на секачот за така да ја исечат сликата. Овие дупки во приказната важат само ако Банкси немал пристап до сликата од 2006-та до неодамнешната аукција и ако секачот од видеото навистина е употребен.

Банкси отвори хотел „со најгрдата глетка на светот“

Се вика Walled Off - игра со зборови и асоцијација на синџирот луксузни хотели Waldorf, а е лоциран во Витлеем, веднаш до ѕидот што ги дели палестинските територии од Израел. Отворен е со надеж дека ќе привлече повеќе израелски туристи на оваа страна oд границата.

Банкси и проблемот со саркастичната уметност

Пријателка од Македонија, која успеала да влезе во Дисмаленд, раскажа интересна случка. Кога по доста чекање конечно се нашла близу билетарницата сфатила дека не примаат картички, а дека нема доволно во кеш.

Банкси го украде Скопје 2014

На локација на напуштен базен во Вестон-Супер-Маре во Британија, се отвори она што го најавивме тука - Дисмаленд, апокалиптичен тематски парк, чии карактеристики на моменти ќе ви се видат необично познати. Банкси или на суд, или за почесен граѓанин на Скопје, трето нема.

Дизнилендот на Банкси

Целиот муабет е во наводници, и според него Банкси веќе некое време работи на забавен парк кој за сега го крие со алиби дека е дел од сценографијата за холивудски филм. На идентично ниво на шпекулација е и дека отворањето е на 21-ви август.

Банкси во Газа

На сајтот на уметникот, како и на неговиот Инстаграм профил, се појавија неколку дела со јасна политичка порака, направени на палестинска територија. „Доколку ги измиеме рацете од конфликтот помеѓу моќните и оние немоќните, тоа е исто како да сме ја фатиле страната на првите - не остануваме неутрални"

Koja e Бамби?

Кање Вест на неговата невеста за неодамнешната свадба ѝ подари портрет. На него таа е насликана одзади во провокативна поза, носејќи само тагна и Лобутин чевли, а насловот е „Совршена кучка". И неговата таинствена авторка повторно стана тема на муабет. 

По Банкси - Инвејдер

Откако Банкси заврши со неговата „улична резиденција" во Њујорк, одеднаш на многумина им текна дека тоа е добра финта. Сега во источен Менхетен планира со негови дела да се насели францускиот урбан уметник под кодно име „Инвејдер". Иако тоа нема да му биде прв пат.